Connect with us

Други спортови

Белгиски велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа. Лекарите се борат за неговиот живот

Белгискиот велосипедист Нејтан Ван Хујдонк, тимски колега на Јонас Вингегард и Примож Роглиќ во Џамбо-Висма, е тешко повреден во вторникот во сообраќајна несреќа во Калмтаут на северот на Белгија, дознава „АФП“.

„Тој е однесен во болница во животно загрозувачка состојба“, изјави за „АФП“ портпаролот на локалната полиција.

Според фламанските медиуми, 27-годишниот велосипедист изгубил контрола над автомобилот откако се чувствувал лошо додека возел, а потоа удрил во друго возило додека ја минувал раскрсницата. Според првичните информации неговата бремена сопруга која била со него не е повредена.

Нејтан Ван Хујдонк, по потекло од Гуреинд во рурална област на границата со Холандија, се приклучи на тимот на Џамбо-Визам во 2021 година. Во Џамбо Висма се Белгиецот Воут Ван Аерт, Данецот Јонас Вингегард, кој победи на последните два Тур де Франс и Словенецот Примож Роглиќ, трикратен победник на Вуелта и победник на Џиро годинава.