Connect with us

Фудбал

Белгиски виролог: Фудбалот може да се игра, но со маски

Белгиски вирулог предложи поинаква идеја за продолжување на фудбалските лиги, за разлика од она што во изминатите денови се појавува во јавноста.

Марк Ван Ранст, советник во белгиската влада посочи дека може да се играат натпревари, но фудбалерите би требало да носат заштитни маски, како мерки на претпазливост и ширњер на Ковид-19.

-Мора да се земе во предвид да се носат маски. Не збогувам за хируршки маски, тие се тотално несоодветни. Но, погледнете на интернет, веќе постојат разни маски, како на пример оние против загаден воздух, кои спортистите веќе ги користат пред да се појави овој вирус во одредени држави, тие се удобни, вели Ранст.

Во првата половина од месец март, речиси сите фудбалски лиги во Европа застанаа.