Connect with us

Кошарка

Белград му се заблагодари на Лука Дончиќ, тој нема да ги плати трошоците за погребот на учениците жртви во масакрот извршен од 14-годишник

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, изјави дека преку својата фондација ќе ги плати погребите на жртвите во трагичниот настан во основното училиште „Владислав Рибникар“, за што градот Белград му се заблагодари. Претседателот на Собранието на град Белград, Никола Никодијевиќ изјави дека градот веќе се нафатил да ги покрие трошоците за погребот на осум деца и училишниот чувар.

„Градот Белград му се заблагодарува на семејството Дончиќ за изразите на сочувство и нивната јавно искажана желба да ги сноси трошоците за погребот на загинатите ученици во основното училиште „Владислав Рибникар“. Една од првите договорени работи е да се покријат сите трошоците и организацијата на погребите, како и дека надлежните служби веќе ги подготвуваат организационите детали во врска со погребот“, изјави претседателот на градското собрание на Белград, Никола Никодијевиќ.

Истовремено, Градот Белград им се заблагодарува на сите луѓе со добра волја, поединци и институции од Србија и од целиот регион, кои упатија изрази на искрено сочувство до Собранието на Град Белград.