Connect with us

Фудбал

Белингам постави рекорд!

 Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, синоќа постигна гол на натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Наполи и постави клупски рекорд.

Дваесетгодишниот Англичанец стана првиот играч во историјата на Реал Мадрид кој постигнал гол на секој од неговите први четири натпревари во Лигата на шампионите.

Белингем стана и првиот Англичанец во историјата кој постигнал 10 гола на едно големо европско натпреварување пред својот 21 роденден, а четврти во историјата зад Ерлин Халанд (20), Килијан Мбапе (19) и Карим Бензема (12).

Реал Мадрид го победи Наполи со 4:2 и со максимални 15 бодови е лидер во Ц-групата од Лигата на шампионите и како првопласиран ќе ја чека ждрепката во плејофот.