Фудбал
Белиот чад над „Сент Џејмс Парк“ денеска потврди ново засилување на Њукасл (ВИДЕО)
Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед денеска го потврди најновото засилување.
Њукасл преку урнебесна објава на Твитер го објави доаѓањето на Ник Поуп, 30-годишниот англиски голман кој беше купен од Барнли за околу 10 милиони фунти и потпиша четиригодишен договор.
Страчките го потврдија трансферот со интересна објава на која се гледа бел чад над „Сент Џејмс Парк“. Познато е дека бел чад во Ватикан се појавува над Сикстинската капела и означува дека е избран нов папа на функцијата.
Поуп беше во тимот на годината во Премиер лигата во 2020 година, но минатата сезона не успеа да му помогне на својот поранешен клуб да остане во лигата. Моментално е втор голман во репрезентацијата на Англија, за која настапуваше осум пати.
— Newcastle United FC (@NUFC) June 23, 2022
„Имаше голем интерес од други клубови за него ова лето, па би сакал да им се заблагодарам на нашите сопственици и на сите зад сцената што ни помогнаа да го однесеме пред конкуренцијата“, рече тренерот на Њукасл, Еди Хау.
Поуп ќе се бори со Мартин Дубравка за место на голот на амбициозниот и богат клуб. Поуп е второто засилување по левиот бек Мет Таргет, додека се поизвесно е доаѓањето на стоперот на Лил, Свен Ботман.