Поврзи се со нас

Други спортови

Бенчиќ петта тенисерка од ТОП 8 која го откажа настапот на УС Опен

Њујорк, 15 август 2020 (МИА) – Светската тенисерка број 8, Белинда Бенчиќ најави дека нема да игра на Грен слемот УС Опен.

-Сакам да ги споделам со вас најновите информации. Ќе ја прескокнам американската серија и ќе се вратам на теренот на турнирот во Рим. Би сакала да им се заблагодарам на организаторите на УС Опен за сите напори што ги вложија во организацијата. Со нетрпение очекувам да се вратам во Њујорк. Со среќа на сите учесници, изјави Бенчиќ.

Швајцарката стана петтата тенисерка од ТОП 8, која се повлече од американскиот престижен турнир.

Претходно, своето учество го откажаа: првиот рекет на светот Ешли Барти, тенисерката број 5 Елина Свитолина, актуелниот шампион и број 6 на ВТА ранг листата – Бјанка Андреску и седмата тенисерка на светот Кики Бертенс. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама