Connect with us

Тајмаут

Бенџамин Менди обвинет за уште две силувања

Францускиот фудбалер Бенџамин Менди е во се потешка ситуација.

Фудбалерот на Манчестер Сити е обвинет за силување и речиси три месеци е зад решетки.

Се очекува да му се суди во февруари следната година, а се очекува да бидат сведоци и некои од неговите соиграчи, како Џек Гралиш и Ријад Махрез.

Тој и Менди биле во ноќен клуб пред да се случи наводното силување на 17-годишната девојка.

“Тие беа заедно некое време, а потоа отидоа на различни страни. Гралиш и Махрез не отидоа во куќата на Менди. За жал, ноќта која започна како врвна забава заврши со сериозни обвинувања”, изјавил полициски извор за The Sun.

По забавата, Менди ја однел малолетничката во својот дом, каде што наводно ја силувал, а првично беше обвинет за четири точки за силување и три точки за сексуално вознемирување на малолетници кои наводно ги извршил во периодот од април до август годинава.

Обвинителството денеска дозна уште две епизоди поврзани со силувањето, па бројот на пријави се искачи на шест.

Заедно со Менди, за истите кривични дела е обвинет и 40-годишниот Луис Саха Матури, соучесник на Менди во злосторството.

Менди и Матури се во затворот во Ливерпул, а судењето ќе се одржи на 24 јануари 2022 година.

 

Реклама

Facebook

Реклама