Connect with us

Фудбал

Бенфика, Борусија Дортмунд, Лидс го сакаат Елиф Елмас, неговиот менаџер ја октри плановите за иднината…

Уште одамна се пишува дека неколку клубови се заинтересирани за услугите на Елиф Елмас. Италијанските медиуми тврдат дека Бенфика, Борусија Дортмунд и Лидс се екипите кои го посакуваат во своите редови. Дека има интерес за него, потврди и неговиот менаџер Џорџо Гарди.

Сепак, тој ги открива плановите за иднината.

-Неговата желба е да ја заврши сезоната во Наполи, значи до јуни, а потоа сака да се концентрира на настапите со репрезентацијата на ЕП 2020, вели Гарди.

Сепак, неговиот менаџер не даде конкретен одговор за италијанските медиуми, што ќе се случи по јуни и дали ќе остане во Наполи или ќе се пресели во некој од спомнатите клубови.