Фудбал
Бенфика повторно си поигра со Бриж и ја наполни нивната мрежа
Фудбалерите на Бенфика се првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите откако во реваншот беа многу подобри од Клуб Бриж.
Бенфика ја оправда улогата на фаворит и по победата на првиот меч во Белгија со 2:0, славеше и во реваншот пред своите гледачи во Лисабон. Натпреварот заврши со резултат 5:1.
Португалските фудбалери беа многу подобри во првото полувреме, прво им беше поништен гол (стрелецот Жоао Марио кој беше во офсајд), пропуштија и неколку убави шанси пред Рафа Силва на крајот да ја доведе Бенфика во водство во 38. минута по додавање на Гонсал Рамош.
Во последните моменти од првото полувреме, во втората минута од судиското надополнување, асистентот за првиот гол Рамош ја поремети одбраната на белгискиот шампион и мајсторски постигна нов гол за 2:0.
Ништо не се промени во второто полувреме што се однесува до односот на силите на теренот. Всушност, тоа беше уште полошо за Белгијците.
Во 57. минута Гансало Рамош уште еднаш го матираше Симон Мињоле , овојпат на асистенција на Алехандро Грималдо . Во 71. минута и Жоао Марио погоди од пенал. Петардата пукна во 77. минута кога поранешниот играч на Ајакс Дејвид Нерес ја погоди мрежата на Клуб Бриж .
За утеха на Белгијците, можеби најубавиот гол на натпреварот го постигна нивниот играч 19-годишниот Бјорн Мајер во 87. минута за конечни 5:1.
Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите е закажана за петок, 17 март.
💥 Superámos os 1️⃣0️⃣0️⃣ 𝗴𝗼𝗹𝗼𝘀 𝗺𝗮𝗿𝗰𝗮𝗱𝗼𝘀 nesta época! ⚽#EuAmoOBenfica pic.twitter.com/97VCSGLLKk
— SL Benfica (@SLBenfica) March 7, 2023