Connect with us

Фудбал

Бензема даде интересен одговор за споредбата со Жиру: Не мешајте ја Формула 1 со картинг

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, даде свое мислење за напаѓачот на Челзи и францускиот репрезентативец, Оливи Жиру.

„Ќе одговорам еднаш засекогаш. Ќе бидам краток: да не ја мешаме Формула 1 со картинг. Ова е што имам да кажам. Не сакам повеќе да зборувам за него. Знам дека јас сум Формула 1“, напиша Бензема на својот Инстаграм.

Жиру со француската репрезентација е актуелен светски шампион и вицепрвак на Европа.

Бензема не е повикан во националниот тим од 2015 година, поради уцена со интимното видео на Метју Валбуена.

Бензема за „триколорите“ има одиграно 81 натпревар и има постигнато 27 гола.