Тајмаут
Бензема доби четврто дете со трета жена: Неговата љубовница се породи, а тој се уште е во брак! (ФОТО)
Францускиот фудбалер Карим Бензема стана татко по четврти пат. Се породи неговата девојка Џордан Озуно со која ја изневерил сопругата Кора Гоалтје со која се уште е во брак, а интересно е што ова му е четврто дете со трета различна партнерка. Ова е прво дете на Озуни, а напаѓачот на Реал Мадрид има две деца со Кора (Ибрахим и Мелија), додека од врската со Клои ди Лони има и син (Нори).

Бензема долго ја криеше врската со Озуно, а потоа на црвениот тепих на доделувањето на Златната топка дојде со сопругата и љубовницата, што крена голема прашина бидејќи навистина не се памети таков случај.
