Фудбал
Бензема одолговлекува, Реал Мадрид се плаши, а сега е јасно зошто, на маса има понуда која е преседан во фудбалот, може да бира и со Меси да игра!?
Карим Бензема одолговлекува, Реал Мадрид се плаши, а сега е јасно зошто – Саудиска Арабија буквално прави се за да го убеди да дојде летово.
Според последните информации, државните власти во Саудиска Арабија се буквално подготвени да ги исполнат сите желби и да обезбедат најдобри услови Бензема да дојде во нивната земја токму сега.
Понудата која Бензема ја има на маса е буквално без преседан во светот на фудбалот, а ова се главните ставки.
– Договор за две години
– 200 милиони евра до 2025 година.
– 100% од хонорарите
-Може да избере кој клуб сака
– Може да избере во кој град сака да живее
– Училиште за децата
– Амбасадор на Светското првенство 2030 година.
Ова во превод значи дека Бензема може да го избере Ал-Хилал, кој исто така му нуди на Меси астрономски договор од 1,2 милијарди евра за две години. Бензема не мора да брза со изборот на клуб, но се очекува кон крајот на неделата да му ја соопшти конечната одлука на Реал Мадрид.
Во Мадрид стравуваат дека Бензема сега е поблиску до заминување отколку останување, а тоа значи дека оди без обесштетување бидејќи има договор до 30 јуни. Очигледно, Бензема чувствува дека психички и физички повеќе не е на врвно ниво и чувствува дека е фер да си замине кога ќе почувствува дека е вистинското време за заминување.
Се на се, судбината на Бензема ќе биде позната до крајот на неделата, но секој ден се чини дека е се поблиску до заминување…