Connect with us

Фудбал

Бензема осуден на една година затвор условно поради уцена на поранешен соиграч за се*с снимка

Судот во Версај го прогласи напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема за виновен за уценување на поранешниот соиграч од репрезентацијата на Франција,  Матје Валбуена, пишува „Л’Екип“.

Бензема е прогласен за виновен за соучество во обид за уцена и осуден на една година условна затворска казна и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна која можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор.

За виновни се прогласени и четворица други обвинети.

За потсетување, 33-годишниот Французин беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео за него.

Двајцата играчи добија забрана за настап во француската репрезентација поради ситуацијата со уцена, но Бензема годинава се врати во националниот тим на „триколорите“.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама