Фудбал
Бензема удри по соиграчите: Играа ФИФА, пиеја и ми велеа, абе Барселона е без Меси нема да има проблем
Реал Мадрид синоќа ги разочара своите навивачи бидејќи на „Сантијаго Бернабеу“ беше поразен со 4:0 од лутиот ривал на Барселона.
Кралскиот клуб го одигра еден од најслабите натпревари оваа сезона и Барселона целосно ги надигра во сите сегменти од играта. Каталонците славеа со 4:0, а резултатот можеше да биде уште поубедлив.
Карло Анчелоти експериментираше со формацијата откако не можеше да смета на повредениот Карим Бензема и покажа дека формациите 4-4-3 и 3-5-2 се целосно промашување.
Италијанскиот стручњак одлучи дека Бензема нема да игра поради полесна повреда и дека е поважно тој да биде подготвен за финишот на сезоната, а многу се почувствува отсуството на францускиот напаѓач.
Се покажа дека Бензема е убедливо најдобриот играч на Реал Мадрид веќе неколку сезони и дека без него Анчелоти едноставно нема решение во нападот.
Поразот од Барселона го потресе Бензема кој го следеше натпреварот, а сите беа изненадени кога тој јавно реши да ги нападне соиграчите за очајниот настап на Ел Класико.
„Вечерашниот срамен пораз од Барселона се случи затоа што ги потценивме. Вчера кога се разбудив ги видов Винисиус и Касемиро како пијат и играат ФИФА заедно. Ги прашав зошто не одмараат пред важен натпревар, а Винисиус ми одговори „Нема потреба „Барселона е без Меси“, изјави Бензема.