Connect with us

Фудбал

Бербатов: Манчестер Јунајтед се однесуваше неправедно со Кавани

Поранешниот капитен на бугарската фудбалска репрезентација Димитар Бербатов смета дека односот кон напаѓачот Единсон Кавани не е правилен по враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Кавани (34) имаше одлична прва сезона на „Олд Трафорд“ откако пристигна од Пари Сен Жермен како слободен играч во летото 2020 година. Уругваецот пред почетокот на сезоната потпиша нов едногодишен договор, но не успеа да најде место во стартниот состав по доаѓањето на Роналдо.

Кавани има само два старта оваа кампања и се поврзува со трансфер во Барселона во јануари.

„И покрај неговата добра измината сезона, Кавани сега не игра доволно. Кога некој како Роналдо доаѓа во клубот, тој паѓа под целото внимание, го игра секој натпревар и во светот на фудбалот тоа се случува. Ситуацијата не е фер, бидејќи Кавани се снајде многу добро минатата сезона, доби нов договор, но Роналдо го зазеде неговото место во тимот. Не е фер, но тоа се случува во фудбалот“, изјави Бербатов за Betfair.

„Доколку Кавани има шанса да го напушти клубот, ако има понуда од Барселона, тогаш, секако, ќе размисли да ја прифати за да добие поголема минутажа. Ако добие повеќе време да игра во Ла Лига, тогаш ќе го поддржам и ќе му речам: „Оди таму и играј, звучи како голема работа, големи пари и веќе немаш 24 години“, додаде бугарскиот напаѓач.

Се очекува Кавани да добие шанса да блесне за „црвените ѓаволи“ во текот на божиќната сезона, бидејќи Јунајтед ќе се соочи со Њукасл, Барнли и Вулверхемптон за седум дена.

„Црвените ѓаволи“ немаат натпревар од 11 декември, бидејќи два од нивните натпревари се одложени по значителен број заразени со СОВИД-19 во тимот.