Connect with us

Фудбал

Берлускони го собира „старото друштво“ на клупата на Монца некогашниот тренер на Милан

Некогашниот сопственик на Милан и поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони, од крајот на септември повторно е сопственик на фудбалски клуб.

Берлускони тогаш го финализира купувањето на третолигашот Монца, а него во новиот проект веднаш му се приклучи и Адриано Галиани, долгогодишната десна рака од славните денови во Милан.

Сега Берлускони во Монца донесе уште еден стар познаник од Сан Сиро, Кристијан Броки.

Имено, Марко Зафарони доби отказ на клупата на Монца откако во пет натпревари во Серија Ц не успа да донесе ниту една победа, па на неговото место денеска и официјално стигна Броки, некогашниот тренер на Милан.

Инаку, 42- годишниот Броки и како играч долго време беше член на Милан каде што и ја започна кариерата. Тренерската кариера ја започна во младинскиот погон на Росониерите, додека првиот тим го водеше кон крајот на сезоната 2015/16. година. Како тренер една сезона помина и во Бреша.