Поврзи се со нас

Фудбал

Бесен во Реал Мадрид: Винисиус Јуниор мина над 20.000 километри и не играше ниту една минута

Синоќа репрезентацијата на Бразил го совлада Уругвај на гости со 2:0 во мечот од 4. коло на квалификациите за Светското првенство.

Бразилците се единствената селекција во Јужна Америка со максимален учинок, и се први на табелата со 12 бода. „Кариокете“ славеа полесно отколку што се очекуваа на претходните натпревари, а тоа особено се однесува на синоќешното дерби против Уругвај.

По овие натпревари во центарот на вниманието беше Винисиус Јуниор, кој беше во конкуренција на последните натпревари на Бразил, но не доби можност за игра, што најмногу ги разочара челниците на Реал Мадрид.

Во Реал се многу лути поради Винисиус, односно фактот што тој не одигра ниту една секунда за Бразил на претходните натпревари и се прашуваат зошто воопшто ја добил поканата.

Она што најмногу му пречи на кралскиот клуб е тоа што Винисиус непотребно мина дури 20.000 километри за само неколку дена. Прво отпатува од Мадрид во Рио, потоа во Сао Паоло, па во Монтевидео и на крајот се врати во Мадрид. Помина вкупно 20.700 километри.

loading...

Facebook