Connect with us

Тајмаут

Беше чудо на светскиот тенис, а потоа ненадејно ја заврши кариерата на 20 години: Сега објавува фотографии на популарна страница за возрасни (ФОТО)

За поранешната руска тенисерка Софија Жук повторно се зборува, но сега не како тениски вундеркинд, туку поради ангажманот во мрежата „Only Fence“ каде што заработува огромни суми за објавување провокативни фотографии.

Како петнаесетгодишно девојче, таа направи вистинско чудо кога го освои Вимблдон во 2015 година, за време на нејзиниот прв настап на трева. Меѓутоа, на само 20 години решила да стави крај на кариерата, а сега се посветила на кариерата на сајт за возрасни, на што реакциите се контрадикторни. Таа за порталот Спорт зборуваше за бројни теми, меѓу кои и како решила да го напушти тенисот и да отвори сметка на се попопуларната мрежа.

View this post on Instagram

A post shared by Sofya Zhuk (@sofya_zhuk)

– Некои луѓе се уште ме гледаат како тенисер. Но, ја завршив кариерата во 2019 година. Тенисот е минато. Сега сама водам две фирми, а една ја делам со сопругот Сергеј. Имам компанија за изнајмување автомобили и возен парк, како и салон за убавина. А јас и мојот сопруг имаме заедничка компанија која помага при изработка на документи. Јас имам сосема поинаков живот – рече таа и објасни: – Го сакав тенисот кога бев дете. Како што растев, така растеше и притисокот. Тоа е она што ме натера да се откажам. Кога ја одиграв мојата прва професионална сезона во 2018 година и видов на што се сведува мојот живот, решив дека не сакам да живеам така.