Connect with us

Фудбал

Беше чудо од дете на Англија, но пропадна на 26 години, сега вели сака да игра на Мундијалот во 2026-та, иако оваа сезона не играл ниту една минута

Иако има 28 години, многумина мислат дека неговата кариера е завршена, но Деле Али не се откажува! Поранешно чудо од дете на англискиот фудбал, поранешниот редовен репрезентативец едвај играше во последните неколку сезони, но сега вели дека сака да оди на Светско првенство!

Поранешниот играч на МК Донс и Тотенхем падна во форма во 2020 година кога почна да работи со Жозе Мурињо и оттогаш играше многу малку и нема одиграно ниту една минута фудбал оваа сезона. Тој јавно зборуваше за неговите проблеми со менталното здравје и сега е уверен дека може да се врати на највисоко ниво.

Но, тој има 37 натпревари за Англија и последен пат играше за националниот тим во 2019 година. Сега тој изјави за англиските медиуми дека можат да го очекуваат на Светското првенство во 2026 година додека се подготвува за него.

“На мојот телефон алармот ѕвони секој ден во 11 часот. Потсетувањето вели – Светско првенство во 2026 година. Знам дека луѓето ќе речат дека не сум играл повеќе од една година, но тоа е мојата цел. Знам моите квалитети“, изјави Деле Али за Скај.

Последен пат беше на теренот во дресот на Бешикташ како позајмен во февруари 2023 година, а моментално се опоравува од повредата на колкот.

„Тешкиот период е зад мене, но сега уживам во процесот на опоравување. Го гледам светлото на крајот од тунелот по сите повреди. Морав да бидам трпелив, имав осум долги периоди со повреди, многу подеми и падови“, истакна тој.

Многумина беа изненадени кога пред неколку сезони Жозе Мурињо јавно го прозва дека е мрзелив, а сега Али признава дека „Специјалниот“ цело време бил во право.

“Единствениот виновен сум јас. Требаше да бидам на ниво кое никогаш немаше да го доведе во прашање мојот статус во тимот. Никој не е виновен освен јас. Работата со Мурињо е незаборавно искуство”, изјави англискиот фудбалер. .

Неговиот договор со Евертон истекува, а ќе видиме која ќе биде следната станица. Се чини дека клубот од Ливерпул нема да ја продолжи соработката, а кој ќе биде подготвен да ризикува со него?