Тајмаут
Беше испишана потерница по него, Стариџ конечно проговори!
Од бизарна причина се бара Даниел Стариџ, на пронаоѓачот на своето куче му ветил 30.000 долари, но на крајот не ги платил.
Пронаоѓачот Фостер Вашингтон сакал пари, а кога не ги добил, отишол на суд, а Даниел Стариџ да не се појави на судењето.
Судот пресуди Стариџ мора да плати, а на крајот се огласи англискиот фудбалер.
„За прв пат вчера, моето семејство и јас слушнавме дека некој се уште се обидува да изнуди пари од нас. Тој е крадецот на моето куче Лусија.
Вистина е и дека му платив на младото момче кое го најде, тој беше воодушевен од наградата, исто како и моето семејство и јас што ја донесовме Лусија дома“, рече тој.
Покрај тоа, Стариџ изјави и дека добил совет од адвокат и дека се ќе се сврти во негова корист.