Connect with us

Фудбал

Беше маж до 16 години: Килијан Мбапе заљубен во трансродова манекенка

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе (23) постојано е во центарот на вниманието на француската јавност.

Прво, напаѓачот на тимот од Париз со месеци размислуваше каде ќе ја продолжи кариерата. Наводно се договорил со Реал, но на крајот реши да остане во ПСЖ.

Почетокот на сезоната го одбележа конфликт со соиграчите и ноншалантно однесување на теренот. Одби да трча, се расправаше за пенал со Нејмар и беше крајно арогантен.

Сега Мбапе е во центарот на вниманието поради сосема друга причина. Тоа е неговиот приватен живот и девојката со која излегува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by INES RAU (@supa_ines)

Мбапе пред неколку месеци ја прекина врската со актерката Ема Смет, а француските медиуми тврдат дека доста интересна личност е во прегратките на француската ѕвезда.

Инес Рау наводно е новата девојка на Килијан Мбапе. Таа е трансродова личност која стана популарна во светот во 2017 година, откако стана првата трансродова личност која позирала за Плејбој.

Овој 32-годишник е по потекло од Алжир. Таа е родена како маж, но на 16 години решила да го промени полот и да живее како жена.

Идентитетот не го открила до својата 24-та година. Никој не знаеше дека таа е трансродова личност и дека живеела како маж до тинејџерските години.

Инес стана многу популарна во светот на модата. Таа соработува со бројни брендови, меѓу кои и Плејбој, за кој пред неколку години позираше целосно гола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by INES RAU (@supa_ines)

Наводната врска со Мбапе сигурно дополнително ќе ја зголеми нејзината популарност. Како што пишуваат француските медиуми, парот е во врска со месеци, па дури и летниот одмор го поминале заедно.

Поради се, Мбапе сигурно ќе биде во центарот на вниманието во наредниот период бидејќи врската со трансродова личност сигурно ќе предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа дека не е навикнат на голем притисок, сепак би можел да има многу проблеми со него на теренот.