Фудбал
Беше шампион на Англија со Лестер, а сега се тепа и пие
Дани Дринквотер беше член на шампионскта генерација на Лестер која ја шокираше Англија во 2016-та година. Во тандем со Нголо Канте го сочинуваше средниот ред на тимот на Клаудио Раниери, а една година потоа стигна во Челзи за големи 35 милиони фунти. Сега може да се каже дека е најголемото промашување во историјата на „сините“.
Одигра само 12 мечеви во Премиер лигата во својата прва сезона на „Стемфорд Бриџ“ кај Антонио Конте. Веднаш го „избриша“ и Маурицио Сари, но тешко е да се пронајде клуб на играч кој е платен многу.
Челзи прво го позајми на Барнли, но го доби назад со „модринка“ по само шест месеци, бидејќи неколку недели пред доаѓањето се степал пред ноќен клуб. Во овој зимски преоден рок го позајмија на Астон Вила, но ниту таму нема да остане долго.
Астон Вила има намера да ја скрати позајмицата и Дринквотер ќе го врати во Челзи. Одигра само четири меча, но не успеа да се „разбуди“.
Причините се неговата недисциплина, често влегува во конфликти, па и некогаш физички и слабоста кон алкохолот.