Connect with us

Фудбал

Беше тренер на германски Бохум, а сега ќе го предводи Гостивар! (ВИДЕО)

43-годишниот германски стратег со турско потекло Исмаил Аталан е нов тренер на македонскиот фудбалски тим Гостивар. Ова е едно од најзвучните странски имиња кои доаѓаат во македонското првенство, ако се знае дека Аталан во својата кариера седел на клупата на германски Бохум. Освен, Бохум ги тренирал Халешер, Лоте, Давенсберг, каде што како фудбалер ја поминал речиси целата своја кариера. Нема некој поголем успех, освен прво место во Западната германска регионална лига и го освоил Купот на Вестфалија.

Инаку, тимот на Гостивар во моментов е на петото место во Македонската прва лига.