Connect with us

Фудбал

Беше во резервите на Динамо Загреб, а сега потпишува за Челзи

Португалецот Габриел (22) наводно договорил трансфер во Челзи.

Овој 22-годишен стопер, по одличната сезона во Лил, го привлече вниманието на клубовите во Премиер лигата, а „Сините“ наводно ја добиле битката за неговиот потпис.

Според „Еуроспорт“, тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе платат 35 милиони евра за играч кој играл за вториот тим на Динамо Загреб.

Оваа сезона тој блескаше во дресот на Лил и играше во Лигата на шампионите, а неговиот потег во Челзи сега е „замрзнат“ поради пандемијата на коронавирусот.

Бразилскиот дефанзивец со должина од 190 см се поникна во Аваи, а во Франција играше за Троја.