Connect with us

Фудбал

Беше ѕвезда на Реал и Арсенал, а сега исфрлен од турскиот тим (ФОТО)

Првотимците на Фенербахче Месут Озил и Озан Туфан се исфрлени од првиот состав на турскиот тим, објавено е на официјалната веб-страница. Ова е продолжение на стрмниот пад на 33-годишниот играч за врска кој со Германија ја освои светската титула во 2014 година, но во последно време неговата кариера не оди на нагорна патека.

33-годишниот фудбалер ја започна својата кариера во Шалке, уште играше за Вердер, Реал Мадрид и Арсенал од кој пристигна во Турција. Досега за Фенер одигра 26 натпревари, постигна девет гола и запиша две асистенции во сите натпреварувања.

Од друга страна, Туфан кариерата ја започна во Бурса, во 2015 година се пресели во Фенер,  уште играше за Алајаспор, и Ватфорд.

Сезонава за Фенер одигра девет натпревари во сите натпреварувања, додека за селекцијата на Турција во 65 наврати погоди девет пати.