Connect with us

Други спортови

Бесниот Ѓоковиќ кршеше рекети во Торино по неверојатен поен на противникот (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи во првото коло на АТП финалето против Данецот Холгер Руне со 2:1 во сетови, но и на овој меч светскиот рекет број еден покажа голема нервоза.

Откако на тенисерот му беше одземен сет по тај-брејкот, Новак имаше одлична предност од 2:0 во третиот решавачки сет.
Со ас го започна третиот гем, но потоа имаше голем пад, па Данецот го врати брејкот и намали на 2:1 во третиот сет.

Посебно импресивна беше последната неверојатна и брилијантна брејк топка на Данецот, која очигледно не му одговараше на Ѓоковиќ, па тој налутено скрши два рекета на паузата меѓу гемовите.

Сепак, тоа како да му даде дополнителна сила на Ѓоковиќ, кој потоа до крајот на мечот го совлада Руне и стигна до првата победа на завршниот Мастерс што се одржа во Торино.

Во второто коло Ѓоковиќ уќе игра против локалниот тенисер Синер, кој на почетокот на Мастерсот беше подобар од Гркот Циципас.