Connect with us

Фудбал

Бесниот Суарез доби пораката: Почитувај го клубот и колегата од екипата

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез не беше премногу задоволен од фактот дека беше заменет на мечот против Салцбург.

Екипата на Мадрид славеше со 2:0 и обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, но уругвајскиот напаѓач покажа големо незадоволство на клупата.

Не сакаше да го заменуваат. Ова се виде во неговото однесување на клупата, а легендарниот Кико му одржа лекција.

„Не ми се допаѓа неговата реакција. Тој мора да биде повеќе самокритичен, не играше добро и на Атлетико му требаше нешто друго. Треба да ги почитува клубот и колегата што го замени. Како поранешен фудбалер, не ми се допаѓа неговата реакција“, изјави легендарниот Кико.

Секако е интересно што не само Суарез реагираше луто поради промената. Саул го стори истото, но ова дуо може да се лути само на себе затоа што одиграа скромен натпревар.

Диего Симеоне ги оправда играчите и нивните реакции по натпреварот:

„Логично е дека тие се лути. Би бил и јас, затоа што сакате да ги играте сите 90 минути на вакви натпревари. Нивната реакција е разбирлива“, рече тренерот на Атлетико.

Кико играше за Атлетико од 1993 до 2001 година и постигна 48 гола на 225 одиграни натпревари.