Connect with us

Други спортови

Без домашниот фаворит на Австралија опен

Австралискиот миленик на публиката Ник Киргиос нема да учествува на Австралија Опен. Ова тој самиот го соопшти на воннеделна прес-конференција. Киргиос откри за проблем со коленото.

„Ужасно сум разочаран. Многу се двоумевме со мојот лекар кој ќе ви даде повеќе детали за природата на мојата повреда. Многу сум емотивно исцеден. Брутално е – во толку важен период од мојата кариера ова да се случи со јас“, рече вознемирениот Кирјос на брифингот во Мелбурн.

Австралиецот требаше да го започне својот турнир против Русинот Роман Сафулин, кој е рангиран бр.97 во светот. Неговото место ќе го заземе среќен губитник од квалификациите.