Поврзи се со нас

SPORTM.mk

Без голови на полувреме, Македонија добро се држи со Грузија

Македонската репрезентација во моментов го игра натпреварот против Грузија во рамките на групната фаза од Лигата на нации.

Двете репрезентации покажаа одлична игра и борбеност, но сепак резултатот на полувремето остана 0:0.

Нашата репрезентација имаше неколку одлични шанси за гол на самиот крај на првото полувреме, но сепак среќата не беше на наша страна.

Останува да го проследиме второто полувреме и да видиме дали нашата репрезентација ќе успее да издвојува победа и да се оддвои на врвот од групата.

Advertisement