Connect with us

Фудбал

Без голови на римското дерби, но со тензии на теренот и на трибините, навивачите се гаѓаа со пиротехника (ВИДЕО)

Во дербито од 12. коло од Серија А, Лацио и Рома вечерва на Олимпико ги поделија бодовите. Натпреварот заврши без голови, со резултат 0:0, па Рома сега е седма на табелата со 18 бодови, а Лацио е десетти со бод помалку. Иако немаше голови, сепак  мечот изобилуваше со цврсти дуели, а во неколку наврати за малку немаше ескалација и физичка пресметка меѓу фудбалерите. Тензичмно беше и на трибините каде во еден момент навивачите на двата тима се гаѓаа со пиротехника.

Standings provided by Sofascore