Тајмаут
Без страст и секс нема заеднички живот: „Го сакам, но со месеци не живееме како пар“
Поранешниот аргентински фудбалер Езекиел Гарај и неговата сопруга Тамара Горо се разведоа по 12 години брак.
Атрактивната инфлуенсерка со поранешниот фудбалер има две деца, но страста меѓу нив исчезна во последните месеци.
„Отсекогаш сум велела дека немаме совршен брак и доаѓаат моменти кога едноставно стагнирате како двојка. Затоа имате две опции – да завршите сè или да продолжите за љубовта. Решивме да одмориме“, рекла Тамара, откривајќи дека со месеци нема ништо помеѓу нив.
„Веќе со месеци не живееме како пар. Ќе ги преземеме сите чекори за да го завршиме ова брзо. Имаме уште многу живот пред нас. Го сакам“, низ солзи изјавила атрактивната 35-годишна девојка.
View this post on Instagram
Гарај реагираше на видеото кое го објави неговата сопруга и напиша:
„Ова не е збогум, ова е се гледаме подоцна. Што и да се случи, ти секогаш ќе бидете љубовта на мојот живот. Ти благодарам за прекрасните 12 години“, рече Гарај.
View this post on Instagram
Тамара малку порано изјавила дека ја нема истата желба за сопругот како порано.
„Ако ме прашате дали го имам истиот сексуален апетит како порано, мојот одговор е – не. Не знам дали сето тоа е недостаток на време или недостаток на желба, но вистината е … Навистина не знам. Го сакам мојот сопруг, но тоа е така“, признала шпанската убавица.
„Не сакам, како порано, секс со мојот сопруг секој ден. Исцрпена сум. Мислам дека многу луѓе ќе се поистоветат со мене“.