Connect with us

Фудбал

Билд: Мане удри соиграч во глава по поразот од Сити

Баерн загуби со 3:0 од Манчестер Сити во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Англискиот шампион е на дофат до полуфиналето со головите на Родриго во 27. минута, Бернардо Силва во 70. минута и Ерлинг Халанд во 76. минута. Тимот на Томас Тухел имаше проблеми и во соблекувалната, пишува Билд.

Наводно дошло до тепачка помеѓу Садио Мане и Лерој Сане. Мане наводно го удрил Сане по лицето, а причината била нивната расправија непосредно пред крајот на натпреварот. Билд додава дека во соблекувалната се разговарало за ситуации од натпреварот, при што Мане и Сане завршиле во расправија. Мане не сакаше да молчи и после тоа дојде до физичка пресметка.

Мане по мечот бил видно нервозен, пишуваат англиските медиуми. Набрзина помина покрај новинарите во микс-зоната, а Германците пишуваат дека Сенегалецот е нервозен затоа што испадна од првиот тим откако се опорави од тешката повреда.