Фудбал
Бисерот на Јувентус влезе во историјата (ВИДЕО)
Јувентус има вистински бисер во тимот, а тоа е Кенан Јилдиз. Денеска го почна мечот од почеток против Фросиноне и постигна прекрасен погодок, откако предрибла тројца играчи. Јилдиз со овој гол стана најмладиот стрелец во историјата на Јувентус со 18 години. Тој доби предност пред Влаховиќ, кој сепак во вториот дел успеа да се запише во листата на стрелците, па Јуве победи со 2:1.