Connect with us

Тајмаут

Бизарно, девојката на аргентинската ѕвезда се возбудува кога е покрај мртво тело! (ФОТО)

Оријана Сабатини, девојка на познатиот аргентински фудбалер Пауло Дибала, ја шокираше јавноста со изјава за нејзиниот приватен живот. Атрактивна црнка призна дека има бизарен „фетиш“ – опседната е со трупови.

“Сакам да бидам покрај мртво тело, тоа ме возбудува. Мојот сон беше да станам судски лекар. Фасцинирана сум кога ќе видам безживотно тело”, признала Оријана.

Девојката на познатиот фудбалер веќе го положила првиот испит по танатопраксија, метода која овозможува забавување на процесот на распаѓање на трупови со помош на техниката на балсамирање.

Оријана Сабатини е 26-годишна аргентинска пејачка, модел и актерка, која пред пет години го освои срцето на фудбалерот на Рома, Пауло Дибала..