Connect with us

Други спортови

Бизарно, параолимпиец без двете раце освои злато, па му подарија часовник (ВИДЕО)

Рикардо тен Аргиле, шпанскиот велосипедист освои злато на Светското првенство во пара-велосипедизам. Она што се случи потоа ја шокираше јавноста, а реакцијата на Шпанецот стана хит. Тој ја освои својата петта титула светски шампион во Глазгов, а како награда доби часовник, што е сосема бизарно и необјасниво со оглед на тоа дека се работи за спортист на кој му биле ампутирани двете раце. Колку и да изгледа се лошо, сепак шампионот тоа го прифати со насмевка.