Кошарка
Блиску, но сепак далеку, МЗТ Скопје поразен од Морнар, но има за што да жали (ВИДЕО)
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беа најблиску до гостинска победа на вечерашниот меч кај Морнар (84-93), со оглед што играа одлично во најголемиот дел од средбата, но го платија цехот на петте лоши минути на стартот од последната четвртина.
Домашните во овој дел со серија 11-0 дојдоа до предност од девет поени (79-70), кои се покажаа клучни за крајниот исход. Потоа следуваше обид на македонскиот шампион за враќање во игра, но составот од Бар играше беспрекорно, буквално како швајцарски часовник па сето тоа падна во вода.
Најдобар период на тимот на тренерот Драган Николиќ беше во првата половина од третиот период, кога со девет поени во низа дојдоа до предност и со шест поени (59-53), која за жал не ја задржа долго. Црногорците имаа неколку расположени кошаркари, кои буквално не можеа да промашат, што на крајот им ја донесе посакуваната победа.