Тајмаут
Боатенг нема да игра во финалето , итно се враќа во Германија, причина смртта на неговата поранешна девојка
Како што пишуваат германските медиуми, Жером Боатенг нема да игра во финалето на Светското клупско првенство, каде Баерн Минхен ќе се сретне со Тигрес утре вечер. Причина секако е смртта на неговата поранешна девојка, која е пронајдена во нејзиниот стан.
Како што пишуваат германските медиуми, нема траги на насилство и веројатно станува збор за самоубиство. Боатенг и неговата девојка Каси Ленхард раскинале пред две недели.