Connect with us

Фудбал

Бобан Николов: И јас сум еден од разочараните поради селекторот Благоја Милевски

„И јас сум еден од разочараните репрезентативци поради односот на селекторот Милевски, и тоа од повеќе причини, изјави Бобан Николов, за порталот спорт1.мк.

Потоа Николов ја образложи неговата изјава:

Бев дел од селекцијата која оствари историски успех со пласман на ЕУРО 2020, на што сум посебно горд. Но, по доаѓањето на новиот селектор, со кого соработував како капитен на селекцијата до 21 година, очекувањата за успесите беа високи, но морам да го искажам личнито разочарување од Б.М. и тоа од повеќе аспекти. Селекторот изјави дека повик ќе добиваат играчи кои играат и имаат минутажа во своите клубови, но во мојот случај се докажува спротивното – кога не играв не добивав повик, но и кога играм пак не сум повикан“, рече Николов.

Целата сторија на Спорт1.мк