Connect with us

Други спортови

Болидот изгоре, возачот скокаше од формулата, за малку голема трагедија во Монте Карло (ВИДЕО)

Додека сите нетрпеливо ја чекаат денешната Формула 1 трка во Монте Карло (од 15 часот), пред неа се случи голем инцидент на истата патека, но во Формула 2. Австралискиот возач Џек Дуан излета во 21-от круг од денешната трка на откако ја загуби контролата во свиокот над задниот дел од возилото. Удри во ѕид и остана на патеката, а на почетокот никој не изгледаше премногу загрижен бидејќи не беше премногу интензивно и слични инциденти веќе се случија на квалификациите и тренинзите.

Сепак, малку фалеше болидите кои минуваа зад него да удрат директно во возилото на Дуан бидејќи не го забележаа на кривината, додека тоа не беше единствениот проблем бидејќи само неколку секунди подоцна возилото почна да гори и само од чиста среќа Австралиецот успеа да се спаси.

Тој бил присебен и штом го забележал чадот почнал да „бега“ од автомобилот и веднаш ја безбедносната ограда, додека од неговото возило полека почнал да се шири голем пламен. Со противпожарни апарати успеаја да го изгаснат болидот пред целосно да изгори, па ова е само уште едно предупредување колку се опасни моторните спортови и дека понекогаш дури и безопасен судир може да предизвика штета каква што никој не очекува.