Connect with us

Фудбал

БОМБА!!! Кристијано понуден на Реал на шест месеци како замена за повредениот Бензема

На сите им е јасно – Кристијано Роналдо не се враќа во Манчестер Јунајтед.

И како што најавува „One football“, славниот фудбалер по Светското првенство би можел да се врати во Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо му е понуден на Реал како замена за повредениот Бензема, тој би му се приклучил на клубот на шест месеци“, пишува „One football“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OneFootball (@onefootball)

Да потсетиме, Роналдо за малку ќе стави крај на ерата во Манчестер Јунајтед по експлозивното интервју со британскиот новинар Пирс Морган во кое ги нападна клубот, шефовите, тренерот и соиграчите…

Ако се врати во Реал, тоа би било враќање на местото на успехот. Кристијано играше во Мадрид од 2009 до 2018 година и за тоа време одигра над 292 натпревари, постигна 311 гола и освои неколку трофеи.