Фудбал
„Бомба“: Легендата се враќа во Барселона, ќе дебитира на клупата против Динамо Киев?!
Доцна синоќа, по поразот од Рајо Валјекано, Барселона му врачи отказ на тренерот Роналд Куман. Каталонските медиуми пишуваат дека договорен е и неговиот наследник. Имено, легендата на клубот Чави се враќа во Барселона, но сега како тренер. Наводно тој ќе дебитира следната недела на пресметката во ЛШ против Динамо Киев.,
Каталонскиот тим ќе му плати на катарскиот Ал Сад еден милион евра за да му дозволи на Чави да се врати во клубот во кој помина најголем дел од играчката кариера.