Фудбал
„Бомба“ на шпански АС: Левандовски има желба да се пензионира во Реал Мадрид?!
Шпанскиот весник „АС“ објави бомбастичен наслов и вест дека најдобриот напаѓач во Германија во последните неколку сезони, а меѓу најдобрите во Европа, Роберт Левандовски следното лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид. Наводно тоа е реална опција, па големи се шансите ова да се случи.
„АС“ тврди дека3 3-годишниот Левандовски е решен да ја заврши кариерата во Реал. Тој има договор со Баерн до летото 2023 година.