Connect with us

Фудбал

Бомба од Италија: Буфон кариерата ја продолжува во Англија

Џанлуиџи Буфон се уште нема соопштено дали на крајот на сезоната ќе се стави крај на својата богата кариера, или ќе остане меѓу стативите уште една сезона.

Буфон пред неколку месеци изјави дека ова е негова последна сезона во Јувентус, но не откри дали има шанса да ја продолжи својата кариера на друго место. Италијанскиот голман закажа вонредна прес -конференција, по што работите ќе бидат многу појасни.

Сепак, ова не ги спречи италијанските медиуми да продолжат да шпекулираат за 40-годишниот голман. Имено, на Апенините денес се појави информација која шокираше многумина, а тоа е дека Буфон би можел да ја продолжи кариерата во Англија.

Наводно, интерес за Буфон покажал Ливерпул кој е подготвен да му понуди договор за една сезона. Сепак, со многу резерва, треба да ги земеме овие информации, што е најверојатно уште една во серија обични шпекулации.