Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Италија: Македонски репрезентативец на прегледи во италијански тим

Угледниот новинар, Фабрицио Романо, кој важи за добро информиран за трансферите во Италија објави дека македонскиот репрезентативец Бобан Николов е на пат кон Лече каде треба да ги мине лекарските прегледи. По ова се очекува Николов да потпише договор со тимот кој во моментов се натпреварува во Серие Б. Во лече веќе игра еден интернационалец од Македонија, а тоа е Леонард Жута.

Како што е познато во Серие А настапуваат Пандев (Џенова), Елмас (Наполи) и Несторовски (Удинезе).