Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Италија: Медиумите тврдат дека Реал Мадрид и Барселона го следат Елиф Елмас

Дел од италијанските медиуми објавија дека Реал Мадрид и Барселона внимателно ги следат игрите на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас. Тој на најдобар можен начин покажа дека има голем квалитет откако синоќа против Исланд постигна два гола во победата од 3:1 со што Македонија се пласираше во баражот за пласман на СП.

Како што е познато, Карло Анчелоти е тренер на Реал Мадрид, а токму на негово инсистирање Елиф Елмас беше купен од Наполи кога беше дел од Фенербахче за речиси 18 милиони евра. Кај Анчелоти, кога беше тренер на тимот од Неапол, Елиф Елмас добиваше поголема минутажа за разлика од Гатузо и Спалети. Сепак и Спалети има само пофалби зборови за нашиот играч за врска.

Засега информациите се дека Реал и Барса само го следат, без никакви конкретни преземени чекори.

Реклама

Facebook

Реклама