Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Лондон: Лампард го добива првото големо засилување

Челзи тргна во акција по освежувања на ростерот, откако истече забраната за трансфери, а првиот договор падна во Холандија. Весникот „Телеграф“ тврди дека лондонските „сини“ постигнале усмен договор со напаѓачот на Ајакс, Хаким Зијех.

За реализација на трансферот ќе мора да се почека крајот на сезоната и летниот преоден рок, а Ајакс по основ на обесштетување за 26 годишниот марокански фудбалер ќе добие 45 милиони евра.

Зијех е меѓу „копјаниците“ од Амстердам од 2016 година кога пристигна од Твенте за 11 милиони евра.