Поврзи се со нас

Фудбал

„Бомба“ од Мадрид, Реал подготвил 150 милиони за Килијан Мбапе

Пред само два дена француски „Л’Екип“ објави дека ПСЖ за следната сезона ќе се обиде да ги ангажира Серхио Агуеро и Лионел Меси, а за таа цел  ќе го „жртвува“ Килијан Мбапе. Сепак, тој нема да има проблем да најде клуб. Шпански „АС“ објави дека приоритет на Реал Мадрид за следната сезона ќе биде токму францускиот напаѓач. Наводно за да го купат од ПСЖ подготвиле 150 милиони евра.

Сумата од 150 милиони евра „кралевите“ ќе се обидат да ја соберат од продажба на неколку фудбалери, меѓу кои се Иско, Дани Себаљос, Герет Бејл, Марсело, Јовиќ и Брахим Дијаз.

Facebook

loading...