Connect with us

Фудбал

Бомба од Олд Трафорд: Кристијан Ериксен е новиот играч на Манчестер Јунајтед!

Кристијан Ериксен е новиот играч на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ договорија тригодишна соработка со данскиот фудбалер и тој наскоро и официјално ќе стане член на тимот од „Олд Трафорд“.

Ериксен доаѓа во Јунајтед како слободен играч откако претходните неколку месеци играше за Брентфорд.

Ерик тен Хаг беше клучен фактор за комплетирање на овој трансфер. Тој разговараше со Ериксен неколку пати лично и 30-годишниот Данец на крајот прифати да биде дел од неговиот проект во Театарот на соништата.

Брилијантниот играч за врска во наредните денови ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише тригодишен договор со еден од најголемите клубови во светот.

Да потсетиме, Ериксен пред една година доживеа тежок срцев удар на натпреварот на ЕП меѓу Данска и Финска.

Иако се сметаше дека неговата кариера е завршена, Ериксен беше опериран за да му вгради дефибрилатор што му овозможи да се врати на теренот.

Тој потпиша за Брентфорд на почетокот на оваа година. Одигра неколку одлични натпревари и веднаш беше проследен со бројни понуди од поголеми екипи.

Во својата богата кариера, пред Брентфорд, Ериксен настапуваше и за Интер, Тотенхем и Ајакс.