Фудбал
Бомба од Шпанија, Мауро Икарди во јануари потпишува за шпанскиот гигант?!
Фудбалерите на Реал Мадрид би можеле да добијат неочекувано засилување овој јануари, бидејќи “Радио Марка” пренесува дека Мауро Икарди, актуелниот напаѓач на Галатасарај, е блиску до преселба во шпанската престолнина.
Сензационална вест доаѓа од Шпанија. Мауро Икарди, 30-годишниот напаѓач на турскиот гигант е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Ова не е прв пат Мауро да се најде на прагот на „кралскиот клуб“, Аргентинецот и претходно беше поврзуван со Реал, но се чини дека сега ситуацијата е многу посериозна од претходно.
Како што пренесува “Радио Марка”, Икарди би заработувал осум милиони годишно во Реал доколку оваа зима пристигне во Шпанија. Икарди оваа сезона во турскиот шампионат постигна 12 гола и забележа пет асистенции. Тој постигна два гола во Лигата на шампионите, против Баерн и Манчестер Сити, но не успеа да му помогне на својот тим да остане во нокаут фазата. Сепак, Галата ќе се натпреварува во Лига Европа, второто по квалитет натпреварување на Стариот континент. Ќе видиме само дали со или без Икарди во тимот.