Фудбал
„БОМБА“ од Турција: Галатасарај и нашиот Алиоски се договориле?!
Неколку турски интернет портали објавија дека Галатасарај постигнал усмен договор за личните услови со македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Како што пишуваат тамошните медиуми, договорот на Алиоски со Лидс му истекува во јуни 2021 година, а се уште нема старт на преговорите за негово продолжување. Наводно, Алиоски не е задоволен од финансиските услови во англискиот тим, па по завршувањето на оваа сезона сака да ја смени средината.
Турците тврдат дека Галатасарај и Алиоски постигнале начелен договор, па сега само останува да заврши сезоната и тој како слободен играч (доколку не го продолжи договорот) да се пресели во Истанбул.